ПОЧЕТНА Без категорија Откако Мицкоски ги нарече измеќари, Ванковска и Јакимовски му вратија

Откако Мицкоски ги нарече измеќари, Ванковска и Јакимовски му вратија

330

Христијан Мицкоски во текот на денот ги нарече измеќари професорката Ванковска, кандидатка на Левица за претседателка и Стево Јакимовски исто така кандидат за претседател, прашувјќи се дали во вториот круг на изборите ќе му ги дадат гласовите на Стево Пендаровски.

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам среќа и успех на вашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и немам лоша мисла за неа. Но јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика, му порача Стевчо Јакимовски на Мицкоски.

Ванковска на социјалните мрежи напиша:

Мицко ме нарече измеќарка. Во право е, измеќарка им бев во 2019 година кога се отепав од работа. Си знаат добро што работев, а можам и да ги потсетам ако заборавиле.

Е ајде сега играј витешки!

ПретходнаСтрански државјанин пронајден мртов во Кисела Вода
СледнаБитолчанец предизвикал пожар во казино