ПОЧЕТНА СПОРТ Легенда на Реал ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер...

Легенда на Реал ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен?

43

Чаби Алонсо има неверојатна сезона со тимот на Баер Леверкузен, на прагот е на историска титула во Бундес-лигата, а најголемите европски клубови се тркаат за неговиот потпис.

Како главен кандидат за доведување на Чаби Алонсо се споменува неговиот поранешен клуб Ливерпул, кој е во потрага по наследникот на Јирген Клоп. Сепак, и Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

Сега прашањето е кој ќе го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен. Наследникот повторно би можел да дојде од младинската академија на Реал Мадрид. Таму легендарниот напаѓач Раул е на чело на Б – тимот на „кралскиот клуб“.

Раул го знае германскиот јазик, што е многу важен фактор, а ја познава и Бундес-лигата од периодот кога мина две сезони во Шалке 04.

ПретходнаБугарија пред ротација на премиери: Оставка на Денков, се очекува да го наследи Габриел
СледнаШаќири: По изборите, ќе се вратат хонорарците неопходни за функционирањето на МКЦ