ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Балканот го потресе страотна вест: Убиен млад фудбалер

Балканот го потресе страотна вест: Убиен млад фудбалер

1308

Синоќа еден час по полноќ во Сплит со нож бил избоден млад фудбалер со иницијали А.Р. Тој имал 22 години, а убиството уапсени се две лица.

Младиот фудбалер бил избоден во градниот кош. За убиството пренесе Н1 Загреб.

Еден час по полноќ во Сплит, на улицата Мажураниќево шеталиште, 22-годишен маж бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош бил пренесен во болница, каде од здобиените тешки повреди синоќа починал, извести сплитската полиција, пренесува Н1 Загреб.

Јосип Крниќ, раководител на Унифициран ургентен болнички прием на КБЦ, изјави дека 22-годишен маж со тешка убодна рана во пределот на десниот граден кош е донесен на итната медицинска помош без витални знаци. Веднаш почнале со реанимација, по 45 минути го прогласиле исходот фатален.

Портпаролот на ПУ Сплит Далмација Жељка Радошевиќ изјави дека истрагата ја водел дежурниот заменик на жупаниското државно обвинителство во Сплит и дека полицијата ќе даде повеќе информации за настанот по завршувањето на истрагата.

Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а за нив во моментов се утврдува степенот на кривична одговорност.

Претходна(ВИДЕО) Балканот во ШОК: Македонската Гранд ѕвезда откри дека неговата сопруга е малолетна – му родила и дете
СледнаЛевица почна на пазар да собира потписи за Ванковска, луѓето не се потпишуваат, пренесе Курир