ПОЧЕТНА ЗАБАВА (ВИДЕО) Балканот во ШОК: Македонската Гранд ѕвезда откри дека неговата сопруга е...

(ВИДЕО) Балканот во ШОК: Македонската Гранд ѕвезда откри дека неговата сопруга е малолетна – му родила и дете

3054

Младиот пејач Александар Темелков (24) кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна се оствари во улога на татко.

Тој и неговата партнерка Сара добија машко дете на кого му го дадоа името Мите, а оваа вест ги израдува неговите фанови.

На Темелков и покрај тоа што во „Ѕвездите на Гранд“ му се случи непријатна ситуација кога реши демонстративно и своеволно да ја напушти сцената, пејачот не крие дека има и многу убави спомени од овие денови. Но сепак, она што му се случи на неговиот последен настап на грандиозната сцена и пред милионската публика многу го повреди, а во емисијата „Ти реков ми рече“ со Диавид Давидовски овие денови за прв пат откри и дека му барале мито од 20.000 евра, за да продолжи со натпреварот, но тој ја одбил понудата.

Темелков со оваа своја изјава предизвика бура од реакцииm, но во емисијата откри уште еден интересен детаљ од неговиот живот.

Имено, младиот пејач во емисијата зборуваше како се запознал со својата сопруга, но откри и дека таа се уште е малолетна.

„Доста е помлада од мене, има 17 години“, изјави Темелков, а водителот го праша во шега случајно да не направил некоја кривично дело.

„Не, не, се си е одобрено со закон. Одобрено од родители, одобрено од суд“, вели младиот шармантен пејач во емисијата додавајќи дека со саканата се запознале на еден негов настап во Тетово.

ПретходнаПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани
СледнаБалканот го потресе страотна вест: Убиен млад фудбалер