ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Во сообраќајна несреќа загинаа малолетна трудница и нејзиниот партнер – голема трагедија...

Во сообраќајна несреќа загинаа малолетна трудница и нејзиниот партнер – голема трагедија го потресе цел Балкан

66

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во село Кобишњица во близина на Неготин, Србија, загинала бремената М.Р.(17). Неколку часа по неа, како последица од оваа несреќа загинал и нејзиниот вонбрачен партнер Светислав С.(19).

Според неофицијални информации на „Нова.ра“, несреќата се случила синоќа околу 21:00 часот, кога патничкото возило управувано од Светислав С. се излизгало од патот.

„Девојката починала на лице место, а нејзиниот партнер го извлекле пожарникари од Неготин. Тој во критична состојба бил префрлен во болница каде по упорната борба на лекарите им подлегнал на повредите“, неофицијално пренесува гореспоменатиот медиум.

Лекарите се бореле и за бебето.

„Малолетничката била бремена во седмиот месец. Лекарите се обидоа да го спасат бебето, но не успеаја“, додава изворот.