ПОЧЕТНА СВЕТ Опасен план: Израел почна да пумпа морска вода во тунелите на Хамас...

Опасен план: Израел почна да пумпа морска вода во тунелите на Хамас во Газа

108

Кабинетот на израелскиот премиер соопшти оти има информација оти 135 заложници сè уште држат Хамас.

Израел им кажа на Соединетите Американски Држави дека почна со „внимателно тестирање“ поплавувајќи некои од тунелите во Газа со морска вода со цел да ја уништат подземната мрежа на Хамас во поголем обем, изјави американски официјален претставник за СНН.

Тестирањето е само во тунелите каде не се држат заложници.

Кабинетот на израелскиот премиер соопшти оти има информација дека 135 заложници сè уште држат Хамас.

Израелската војска претходно овој месец соопшти дека уништила најмалку 500 тунели во Појасот Газа и лоцирала околу 800 палестинската енклава.

Во 2021 година, Хамас тврдеше дека изградил 500 километри тунели под Газа, иако не е јасно дали таа бројка е точна.