ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голема акција на МВР утринава: Уапсени над 10 лица – делувале организирано,...

Голема акција на МВР утринава: Уапсени над 10 лица – делувале организирано, ова се деталите

193

Неофицијално, станува збор за група која го оштетила буџетот на државата за огромни милионски суми.

Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје.

Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.

И специјалците се на терен, а како што дознаваме веќе уапсени се десетина лица.

МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.