ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Момче на 25-годишна возраст исчезна на 4-ти септември: МВР го пронајде –...

Момче на 25-годишна возраст исчезна на 4-ти септември: МВР го пронајде – еве ги деталите

159

Момче на возраст од 25 години, кое било пријавено за исчезнато на 4-ти септември, вчера било пронајдено во Дебар. Како што информираат од СВР Охрид, момчето е по потекло од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше.

– Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше, кој беше пријавен за исчезнат на 4-ти септември.

Додаваат дека автомобилот во кој било пронајдено лицето не бил пријавен за исчезнат.

– Имавме претходни сознанија за евентуално движење на исчезнатото лице, според тие сознанија и беше пронајдено во тек на вчерашниот ден. Момчето е во добра состојба, нема никакви проблеми, но се уште немаме информација каде било во времето додека се водеше за исчезнато – информира Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.