ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Турското министерство само што потврди: Го примивме барањето за Палевски од Македонија...

Турското министерство само што потврди: Го примивме барањето за Палевски од Македонија – еве што следува

113

Министерството за правда на Турција потврди дека вчера е примено барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Палевски, може да се жали траат овие процедури, тој може да се жали и на притворот, на било каков акт и нема да не известуваат за тоа турските власти.

– Од моментот дента кога се апсеше Палевски бевме во координација со Интерпол, МВР, ЈОРМ. Веднаш побаравме да биде задржан во пртивор во екстрадиција. Се што рабвотевме на овој случај, праксата е таква, го работевме и преку МНР, имаат исклучителен добар директорат за конзуларни работи.

Вчера е примено барањето за турското министерство за правда. Со Турција имаме мало ускуство, затоа што нашите ретко бегаат таму, најмногу предмети имаме со Германија. Секоја држава има право да побара тоа што и треба, за луѓе се одлучува, не за роба. Било што да побараат, ќе одговориме соодветно иако во предистражни постапки многу ретко се случува да се побара дополнително од тоа што е наброено во билатералните договори и ковенциите.

Кога се скратени постапки за екстрадиција, лицето прифаќа да биде предадено и екстрадирано. Негово лично право е да побара да биде скратена екстрадиција и негово право е да се жали на постапката – објасни Гордана Милевска, раководител на одделението за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Таа ја објасни и комплетната процедура за екстрадиција:

Правда постапува по добиено известување дека лице барано помеѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава. Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР СМПС ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница.

Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција. Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција. Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на Државата каде што е бараното лице. По завршување на постапката пред странската држава се договара превземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ).

ПретходнаВо сообраќајна несреќа загинаа малолетна трудница и нејзиниот партнер – голема трагедија го потресе цел Балкан
СледнаШокантни бројки: Речиси 300 новозаразени со Ковид-19 во Бугарија, 48 завршиле во болница