ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР На првиот ден од Новата година: Сообраќајка во Охрид – повредени 8...

На првиот ден од Новата година: Сообраќајка во Охрид – повредени 8 лица, се судрија 3 автомобили

24

Црногорка е тешко повредена а со полесни повреди се здобиле уште седум лица во сообраќајка која се случила вчера на патот Охрид-Свети Наум.

„На 01.01.2024 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Р.Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаДрин Ахмети: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци
СледнаГодишниот извештај за одржливост на „Јунајтед груп“ покажува значајни чекори напред во однос на еколошката и социјалната одговорност