ПОЧЕТНА СВЕТ Ердоган: Свесни сме дека Западот ќе нè нападне поради нашите трговски ограничувања...

Ердоган: Свесни сме дека Западот ќе нè нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел

277

Единствена цел на Турција во прекинот на трговијата со Израел е да се присили Тел Авив да прогласи прекин на огнот во Појасот Газа, изјави турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија.

– Наша единствена цел е да ја присилиме на прекин на огнот Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која излезе од контрола поради безусловната поддршка на Западот, рече Ердоган во своето обраќање пред членовите на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени во Истанбул.

Ердоган ја коментираше и одлуката што во четвртокот ја објави Министерството за трговија на Турција дека Анкара ги запрела сите извозни и увозни активности со Израел поради агресијата врз Палестина.

Уште еднаш критикувајќи ги западните држави поради поддршката на Владата на Нетанјаху, Ердоган порача дека очекува дека овие земји силно ќе ја критикуваат Турција поради нејзината одлука.

ПретходнаМицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ
СледнаПожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени