ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ

Мицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ

88

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека ја известил меѓународната заедница и претставници на ОБСЕ/ОДИХР за изборните нерегуларности на дел од гласачките места во првиот круг од претседателските избори….

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека имало полнење на гласачките кутии во првиот изборен круг од претседателските избори и дека зад тоа стои ДУИ. Вели дека за ова ја известил меѓународната заедница и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР но и дека слични нерегуларности очекува и на 8 мај.

„Доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период

Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите.“

СДСМ пак очекуваат подобар изборен резултат во среда. За вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на партијата Бојан Маричиќ, е рано да се прогнозира колку пратеници ќе имаат социјалдемократите во следниот парламентарен состав. Веднаш по изборите, на Бихаќка ќе се анализираат резултатите и нивните последици, но без разлика кој ќе ја освои власта, вели Маричиќ, партијата ќе остане на своите позиции и принципи.

„Во среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и демократски потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира сите причини за резултатите, но и последиците по државата и по партијата.

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ планираат да го загрозат. Ние сме автентична партија, не сме дериват на ниту една друга политичка партија, ниту сме создадени да помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, како што е случајот со ЗНАМ и Максим Димитриевски.“

Вториот круг од претседателските и праламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, ден претходно, е изборен молк откако изборната кампања ќе заврши в понеделник на полноќ.

ПретходнаКумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило
СледнаЕрдоган: Свесни сме дека Западот ќе нè нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел