ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Земјотрес во Тајван каков што не се памети – има повеќе...

(ВИДЕО) Земјотрес во Тајван каков што не се памети – има повеќе загинати

1107

Моќен земјотрес го погоди источниот брег на Тајван, при што загинаа најмалку четворица луѓе. Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтерова скала довел до уривање на згради во градот Хвалиен, кој е најблиску до епицентарот.

Најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години се почувствувал сѐ до планинската внатрешност на островот, каде што предизвикал свлечишта. Снимките од главниот град Тајпеј покажуваат силни тресења на згради.

„Земјотресот се случи близу копното, на 18 километри од Хвалиен и на мала длабочина од 15,5 километри. Се почувствува низ целиот Тајван, како и на островите. Беше најсилен во последните 25 години“, изјави Ву Чиен Фу, директорот на Сеизмолошкиот центар на Тајван.

Националната противпожарна агенција изјави дека три лица загинале во националниот парк Тароко, кој се наоѓа близу Хвалиен.

Повредени се повеќе од 50 луѓе, но има и заглавени луѓе во згради и тунели околу Хвалиен.

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен кажа дека војската ќе помогне во спасувачките операции, а помош понуди и Кина.

Во 1999, Тајван го погоди земјотрес од 7,6 степени, при што загинаа 2.400 луѓе и беа уништени 6.000 згради.

ПретходнаДве лица приведени за пукањето во Арачиново, се уште се трага по напаѓачот
СледнаБојмацалиев: Лекарот не е убиен во автомобилот во кој е пронајден, бил донесен во него