ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Две лица приведени за пукањето во Арачиново, се уште се трага по...

Две лица приведени за пукањето во Арачиново, се уште се трага по напаѓачот

34

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ, објави телевизија Сител.

Шоферот на градоначалникот Ридван Ибрахими, беше пренесен во болница, и веднаш подложено на операција, а со полесни повреди беше уште едно лице. Денеска беше објавено дека двете лица се во стабилна состојба.

Мотивите за нападот врз градоначалникот кој е од редовите на ДУИ официјално не се познати, но некои медиуми изнесуваат претпоставки дека станува збор за внатрепартиска пресметка.

ПретходнаПадна Инстаграм: Корисниците од целиот свет пријавуваат проблеми со апликацијата
Следна(ВИДЕО) Земјотрес во Тајван каков што не се памети – има повеќе загинати