ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8...

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

49

Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Дебар, каде што имаше свое обраќање. Таа им се заблагодари за поддршката во првиот круг, им рече дека без нивните гласови, резултатот немало да биде ваков.

„Ние не агитираме, не ви велиме дека мора да гласате за нас. Ама знаеме за кого ќе гласате. Ќе гласате за подобрите“, рече Силјановска.

„Ќе гласате за оние кои носат промени, а не за оние кои велат дека грешеле, ама сега ќе се обидат да го поправат тоа што го згрешиле. А, тоа е невозможно“, додаде Силјановска.

Таа се изрази со фудбалски речник, велејќи „не е точно дека стартуваме од нула. Ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол. Ако реков дека во првиот круг очекувам политички земјотрес, тој се случи, дури и со поголема разорна сила која го допре СДСМ“, нагласи Силјановска во Дебар и заклучи дека на 8 мај очекува политички вулкан.

ПретходнаМицкоски од Кочани: Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции
СледнаУживајте во сончевото време: Од 1 мај врнежи и грмежи