ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Здравство, политички систем, царина, култура, економија, МОН – ова се ресорите кои...

Здравство, политички систем, царина, култура, економија, МОН – ова се ресорите кои ќе ги добие ВРЕДИ

950

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе се сретне со коалицијата ВРЕДИ. Се очекува Мицкоски да ги почне разговорите за „поделба на колачот“ и за формирање на нова Влада.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Таравари го бара министерството за здравство, на Изет Меџити од Демократско движење би можело да му припадне министерството за политички систем, а наводно и директорско место во царинската управа. Алтернатива на Африм Гаши е заинтересирана за министерството за економија и министерството за образование, додека Биљал Касами од БЕСА ќе го сака министерството за култура.

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара да биде нивно местото претседател на Собранието, потпирајќи се на аргументот дека имаат 58 пратеници, наспроти ВРЕДИ кој има 13.

ПретходнаШто побрзо нов конгрес и нов претседател: Јован Деспотовски бара итно да се анализира поразот на СДСМ
СледнаЈаготките брзо ви скапуваат? Со оваа состојка ќе останат свежи до три недели