ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски од Кочани: Народот гладува, а тие си слават родендени во државни...

Мицкоски од Кочани: Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции

43

„Додека се колнат во ЕУ – ја купуваат Соравија, додека зборат за правда – делат шамари во контролата на летање во Скопје. Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции. СДСМ не се огради од криминалот на ДУИ, ниту пак има намера, а од ДУИ го употребуваат наративот дека биле европска партија додека џебовите им се полни со европски пари“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Кочани.

„Да ги прашам во ДУИ, затоа што и Ковачевски продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ – СДСМ?. Нивното однесување ја подрива европската идеја, тие стануваат минери на европската идеја во Македонија, народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција на ликовите какви што се Артан, Мерко и Талат“, истакна Мицковски.

Најавувајќи дел од програмските определби за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тој нагласи дека таа силно ќе се посвети и ќе работи на подобрување на неповолната демографска состојба во државата.

„Демографската слика ни е многу важна, семејството ни е многу важно затоа што сето ова што заедно со народот го правиме и ќе го правиме, ако нема дечиња коишто се раѓаат во градовите и селата, ќе нема кому да му го оставиме и чуму тогаш да го работиме. Вие сте нашиот мотив и многу е важно сите ние да работиме на подобрување на демографската слика и на семејството како основен столб на суверенитетот и унитарниот карактер на Македонија. Во нашата платформа предвидуваме до шест бесплатни инвитро интервенции за младите мајки, а за секоја мајка и првородено дете ќе има поврат на данокот којшто е платен на доход во рок од една година, ако просечна плата е меѓу 30 и 40 илјади денари, тоа за мајката ќе значи 40 илјади денари на трансакциска сметка. За второродено дете во рок 2 години ќе го враќаме данокот платен на доход и тоа е до 80 илјади денари, а за третородено дете ќе биде секоја година вратен уплатениот данок на личен доход се додека највозрасното дете не наполни осумнаесет години“, додаде Мицковски.

ПретходнаМуцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
СледнаСилјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај