ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање

Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање

69

Приговори, пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати. Рокот за овие приговори истекува утре во 19 часот.

До Државната изборна комисија (ДИК), во изминатите 48 часа, по завршувањето на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласање во Липково. Рокот за поднесување приговори за постапката на гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето.

Приговори, пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати. Тоа, како што соопшти вчера претседателот на ДИК, Александар Даштевски, е до утре до 19 часот.

Даштевски рече дека Државната изборна комисија е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија, како што посочи тој, конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 по завршувањето на целата постапка по приговорите.

Претходна61 годишен Скопјенец пријавил дека неговата малолетна внука била силувана
СледнаМуцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект