ПОЧЕТНА СВЕТ Захарова: Оружјето кое Западот ѝ го испрати на Украина ги преплави црните...

Захарова: Оружјето кое Западот ѝ го испрати на Украина ги преплави црните пазари

112

„Неконтролираното присуство на западно оружје на територијата на Украина ќе доведе до катастрофални последици по Европа. Никој не знае каде и во кои количества се наоѓа оружјето“, објасни портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Вашингтон испратил цела комисија во Украина за да дознае каде е помошта која му е испратена на Киев, додаде таа. „Никој не знае каде и кому киевскиот режим му го испорачува тоа оружје, бидејќи тоа, очигледно, веќе се појавува во разни делови од светот, вклучувајќи ја Западна Европа“.

Во случај Киев да изврши напади со британско оружје на територијата на Русија, Москва има право да ги нападне британските објекти во Украина, но и надвор од нејзините граници, кажа Захарова.

„Ако се реализира слично сценарио, нашата земја, Руската Федерација, има право да возврати на соодветен начин, односно да нападне британски објекти кои се наоѓаат на територијата на Украина, но и надвор од Украина – воени објекти, вооружување и друго“, изјави таа.

ПретходнаТенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување
СледнаРаботник бил прободен со шипка од 90 сантиметри- мислеле дека загинал, но се случило чудо