ПОЧЕТНА СВЕТ Работник бил прободен со шипка од 90 сантиметри- мислеле дека загинал, но...

Работник бил прободен со шипка од 90 сантиметри- мислеле дека загинал, но се случило чудо

662

Градежен работник од Бразил имал неверојатна среќа што преживеал страшна несреќа откако се лизнал на скеле од пет метри.

Тој паднал директно на метална прачка долга 90 сантиметри, која го прободела од задникот до градите, ги прободела стомакот, црниот дроб и градите.

Несреќниот 57-годишник итно бил префрлен во болница во градот Куритиба, каде лекарите направиле рендген и сфатиле дека шипката допира до дијафрагмата, пишува Дејли Стар.

За среќа го промашила срцето, но неговата состојба била сериозна и морале брзо да делуваат. Хирурзите опишале како го спасиле, а операцијата започнала со стернотомија (сечење на градната коска).

Потоа го отстраниле оштетеното ткиво и ги санирале внатрешните повреди, по што му била извршена трансфузија на крв.

По неколку дена, пациентот можел да стане и да јаде, а неколку недели подоцна бил пуштен на домашно лекување.

Пред тоа, лекарите забележале големо ткиво со лузна на дел од уретрата, но не е јасно дали било преземено нешто во врска со тоа.

Медицинските експерти велат дека вакви несреќи се ретки, а најчесто се случуваат во градежништвото. Голем процент од нив се фатални, или подоцна доведуваат до компликации.

ПретходнаЗахарова: Оружјето кое Западот ѝ го испрати на Украина ги преплави црните пазари
СледнаПолитичките партии ќе прославуваат на пороен дожд, грмежи и град – ова се деталите за времето попладне