ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

66

Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.

– Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари.

– Огинот е изгаснат, едно возило и двајца пожарникари остануваат да ја следат ситуацијата уште некое време, истакна командирот на Противпожарната единица Стојче Атанасов.

Претходна„Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“ – јавуваат независни медиуми
СледнаСослушани 14 сведоци, таткото на осомничениот за убиството на Данка му го откажал полномошното на адвокатот