ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното...

Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво

65

Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

– Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс.

Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.

ПретходнаМинистер од ВМРО-ДПМНЕ во владината Whatsapp група утрово им ја испрати химната на Македонија
СледнаСоветот на амбасадори упати честитки до Сиљановска Давкова и до ВМРО – ДПМНЕ