ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА По Битиќи, уште еден потпретседател на СДСМ поднесе оставка

По Битиќи, уште еден потпретседател на СДСМ поднесе оставка

476

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов се огласи преку социјалните мрежи:

Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ.

Најважни се слободата, мирот и напредокот на #Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.

Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

#СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој.

ПретходнаСилјановска досега доби 506 955 гласови
СледнаВМРО-ДПМНЕ падна на 58 пратеници, ДУИ ја победи СДСМ – Левица и ЗНАМ еднакви