ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“

Апасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“

17

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја отфрли понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на македонско национално единство и изјавата дека ќе има мораториум на нападите врз неговата партија и ЗНАМ.

„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен“, напиша Апасиев на Фејсбук.

За време на синоќешниот митинг во Охрид Мицкоски изјави:

„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа ѝ е најпотребна на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека со Левица и ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ има свои разлики по повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но смета дека во моментов, најважно за Македонија е да се фокусираат на оние кои што, според него, ја киднапирале државата од граѓаните.

ПретходнаМОН ги известило училиштата дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи
СледнаСтолтенберг: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток