ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МОН ги известило училиштата дека деновите на изборите ќе се одработуваат во...

МОН ги известило училиштата дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи

71

Освен дека наставата предвидена за деновите на гласањето ќе ја надоместат во две саботи во текот на мај и јуни, МОН ги задолжува основните училишта во Град Скопје на 15 јуни да ги одработат пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Министерството за образование и наука (МОН) со допис ги известило училиштата дека деновите на одржување на изборите, кои ќе бидат неработни, ќе се одработат во две саботи – 18 мај и 1 јуни.

Дека МОН испратило вакво известување до училиштата синоќа во објава на Фејсбук информира претседателот на Самостојниот синдикат за образование и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Во дописот на Министерството со вчерашен датум, меѓу другото, пишува:

„Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се оддржуваат избори ќе се надомесат со организирање на настава во следните денови: 18 мај (сабота) со часови за денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година.“

Освен дека наставата предвидена за деновите на гласањето ќе ја надоместат во две саботи во текот на мај и јуни, МОН ги задолжува основните училишта во Град Скопје на 15 јуни да ги одработат пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој информира за дописот кој училиштата го добиле од МОН, бара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече.

ПретходнаИзраел со ракети го нападна Иран
СледнаАпасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“