ПОЧЕТНА СВЕТ Столтенберг: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Столтенберг: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

41

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

– Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, додаде тој.

Според извештаите на медиумите, Израел рано утринава ја нападнал иранската провинција Исфахан како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

ПретходнаАпасиев го одби Мицкоски: „Не верувај им на дпмнејците“
СледнаСилјановска-Давкова: Власта не креира рационални политики, тие се потпалувачите на проблемите