ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УЖАС: Тешко повредено 20-годишно момче откако со „матиз“ излетал од пат

УЖАС: Тешко повредено 20-годишно момче откако со „матиз“ излетал од пат

449

Дваесетгодишно момче е тешко повредено откако со „даеву матиз“ излетал од патот за село Подгорци.

„На 15.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, патничко возило „даеву матиз“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Подгорци, струшко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ПретходнаДве лица се истепале на партиски собир
Следна(Видео) Џафери наполни 62 години – На тортата напишано „ Среќен роденден премиере“