ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема крај на лошите вести: Се судрија ТРИ автомобили во Струмица –...

Нема крај на лошите вести: Се судрија ТРИ автомобили во Струмица – има голем број повредени

60

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 03:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, соопшти СВР Струмица.

Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички -„ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „бмв“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко.

Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

ПретходнаБеше осуден во аферата „Шпион“, според обвинетите класична местенка, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ: Почина Александар Диневски
СледнаТРАГЕДИЈА: Маж од Скопско почина од струен удар