ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО: Тажна вест утринава од Аеродром: Едно лице настрада во изгорен стан...

ФОТО: Тажна вест утринава од Аеродром: Едно лице настрада во изгорен стан на 6-ти кат во станбена зграда

166

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.

Фото: МИА