ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Беше осуден во аферата „Шпион“, според обвинетите класична местенка, еден од основачите...

Беше осуден во аферата „Шпион“, според обвинетите класична местенка, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ: Почина Александар Диневски

148

Почина поранешниот контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Диневски.

Тој е еден од осудените во аферата Шпион, која до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, се работи за целосно монтиран случај.

Веста за смртта на Диневски се шири преку социјалните мрежи.

„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА… Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.

Од него се опрости и популарниот Божидар Божиновски кој напиша:

Денес почина еден голем човек и борец, историска личност важна за осамостојувањето на Македонија без крв Александар Диневски. Никогаш не го испивме кафето шо го договаравме, многу муабети ни останаа недовршени. Нека ти е светол патот и сочувство до семејството.

ПретходнаМладиот убиец Коста пронајде „дупка“ во законот – со ОВА лесно може да излезе на слобода
СледнаНема крај на лошите вести: Се судрија ТРИ автомобили во Струмица – има голем број повредени