ПОЧЕТНА СВЕТ Младиот убиец Коста пронајде „дупка“ во законот – со ОВА лесно може...

Младиот убиец Коста пронајде „дупка“ во законот – со ОВА лесно може да излезе на слобода

117

Коста К., момче-убиец (14) повеќе од осум месеци е во психијатриска установа, односно Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци што ја чува полицијата. Oна што ги остави шокирани сите вработени во оваа институција е неговата желба и причина да сака да замине во странство.

– Не може да прифати да го помине животот во четири ѕида. Постојано се жали колку му е тешко и како не е во ред деновите да ги минува во една просторија, изолиран од сите случувања. Последно што побара е да замине во странство наведувајќи дека тамошните лекари сигурно ќе го пуштат дома – истакнува соговорникот за српска Република.

За жал, факт е дека тој не покажа каење со ниту една своја постапка.

– Единствено што го загрижува е кога и дали ќе ја напушти институцијата во која е со месеци. Ништо друго не го интересира, дури ни како се неговите родители, семејствата на децата и чуварот кои ги убил, апсолутно ништо не му е важно освен самиот себе – дознава Република од извор од истрагата.

Да потсетиме, на 3 мај во 8 часот и 40 минути момчето убиец упадна во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и самиот учеше и од врата пукаше во Драган Влаховиќ, училишниот чувар, кој почина како последица од неговите повреди.

Потоа убил три девојчиња, а крвавото дивеење го продолжил во кабинетот по историја каде неговиот клас имал час и убил шест ученици, а ја рани наставничката по историја и уште пет други деца.

Претходна„Длабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ“ – Бигорскиот манастир бара извинување
СледнаБеше осуден во аферата „Шпион“, според обвинетите класична местенка, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ: Почина Александар Диневски