ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И Јакимовски формира предизборна коалиција „Храбро за Македонија“ – му се приклучија...

И Јакимовски формира предизборна коалиција „Храбро за Македонија“ – му се приклучија Интегра и ПЦЕР

81

„Оваа коалиција се формира за јасно да кажеме дека нема да поддржиме ниту уставни промени, ниту притисоци, ниту уцени – ниту пред, ниту по избори и остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми што вештачки се наметнуваат од страна на нашите партнери“, изјави денеска Јакимовски, кој минатата недела се најде на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција.

Лидерот на ГРОМ и кандидата за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, денеска ја официјализира коалицијата со која ќе ја бара поддршката на граѓаните на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај.

Коалицијата го носи името „Храбро за Македонија“ и во неа ќе партиципираат и заеднички ќе дејствуваат ГРОМ, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

Потписите на договорот за заеднички изборен настап денеска ги ставија лидерите трите политички субјекта – Стевчо Јакимовски, Љупчо Ристовски од Интегра и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски.

Целта на коалицијата, како што изјави Јакимовски по настанот, е да им се спротивстави на двете главни политички струи во земјата, кои ги оцени како несоодветни и јасно ќе каже „не“ за уставните измени и за сите притисоци и уцени.

ПретходнаНОВИ ДЕТАЛИ: Одземен телефонот на мајката на Данка и пратен на вештачење, станува критично за исчезнатото девојче
СледнаСе огласи и полицијата: ЗАВРШИ потрагата по 2-годишната Данка