ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР „Тепачите“ како херои пречекани во Истанбул: Крвта на мојот дрес е за...

„Тепачите“ како херои пречекани во Истанбул: Крвта на мојот дрес е за честа на Фенер (ВИДЕО)

185

Неверојатните снимки од финишот на синоќешниот натпревар помеѓу Трабзон и Фенербахче (2-3) уште еднаш покажуваат колку е неверојатно лудилото по фудбалот во Турција.

На социјалните мрежи се појавија видеа од судири на гостинските фудбалери со навивачи и играчи на домашниот тим, а на едно од нив се гледа нож под копачката на играч на Фенер. За среќа, никој не е избоден или тешко повреден.

Во целосното лудило што се случуваше на теренот, Брајт Самуел нокаутира еден од напаѓачите, а потоа му се придружија и други фудбалери, па во еден момент не се знаеше кој кого тепа. Фудбалерот на Фенер, Сердар Дурсун, објави порака на социјалните мрежи која предизвика лавина реакции:

„Крвта на мојот дрес е наша чест, Фенербахче до последната капка крв!“, напиша тој.

авивачите на „жолто-црните“ беа во целосен транс поради победата, но и поради „однесувањето“ на своите играчи, кои како херои беа пречекани во азискиот дел од оваа метропола. Српскиот фудбалер Душан Тадиќ доби овации од навивачите кога го предводеше скандирањето.

„Никој не може да се справи со Фенербахче“, грмеше Тадиќ.

До крајот на турскиот шампионат остануваат уште осум кола, а Галатасарај има два бода повеќе од Фенербахче.

ПретходнаДиректорката на Токсикологија не знае македонски и доаѓа на работа со татко ѝ
СледнаWizz Air за 20 % ги намали летовите во регионот, Скопје и Охрид најголеми губитници