ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Донесен Законот за управување со конфискуван имот

Донесен Законот за управување со конфискуван имот

108

По утврдувањето на дневниот ред и негово дополнување со предлог законите за изменување и дополнување на законите за медиуми и за научно-истражувачката дејност, по скратена постапка, пратениците денеска го донесоа и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Целта на ова законско решение е брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.

Собранието ги донесе и законите за Канцеларија за поврат на имот, за правда за децата, за финансиски инструменти, за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, како и предлогот на автентично толкување на членот 70 став (3) од Законот за градежно земјиште.

Претседателот на Собранието Јован Митрески ја прекина 148. седница, за чие продолжение ќе има дополнително известување, а Собранието продолжи да расправа по продолжението од 140. седница

ПретходнаЦистерна со плин излета од пат во близина на Битола, се чека механизација за нејзино подигнување
СледнаРусија има доволно нуклеарно оружје за да го уништи светот повеќе од еднаш, ама не брза!