ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На син ми и снаа ми наместо извод за венчани им дале...

На син ми и снаа ми наместо извод за венчани им дале извод за умрени, рече Стевчо Јакимовски

542

Синот и снаата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски наместо извод од матичната книга на родени добиле извод од матичната книга на умрени. Јакимовски одржа прес-конференција пред просториите на Управата за водење на матични книги на која кажа дека поради некадарни и несовесни партиски вработувања од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција е нефункционална.

„Денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“, рече Јакимовски.

„Потпишана е Диана Аксентиевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка, не може да е на ДУИ. Ете што имаме во институциите кога се вработуваат партиски луѓе кои лепеле плакати. Некој што е совесен со домашно воспитување и што е посветен на својотата работа нема да направи ваква грешка. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на пристрасна кампања и лепење плакати“, рече Јакимовски.

ПретходнаПоразително: Половина од децата во скопските градинки ги немаат примено сите дози вакцина против пертусис, некои ќе останат дома 6 месеци
СледнаЗавесата полека, но сигурно се спушта: Шампионот знае дека „доаѓаат се почесто вакви денови!“