ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

129

Над 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетен фестивал во Штутгарт, јави „Би-Би-Си“. Непознато е како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на лакалната власт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот – посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

ПретходнаСКАНДАЛ: Мојот сон е сите Албанци да живеат во една држава, вели Тачи
СледнаРусин избоде до смрт двајца Украинци во Германија