ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СКАНДАЛ: Мојот сон е сите Албанци да живеат во една држава, вели...

СКАНДАЛ: Мојот сон е сите Албанци да живеат во една држава, вели Тачи

506

Претседателот на ДПА и дел од коалицијата „Европски фронт“, Мендух Тачи во интервју за телевизија „А“ рекол дека неговиот сон е сите Албанци да живеат во една држава, но дека тоа останува само сон.

-Мојот животен сон е сите Албанци да живеат во една држава. Но, ова е во доменот на соништата. Ако ова стане дел од политичката реалност, последиците би можеле да бидат многу големи за нас како народ, а особено за Косово, која е нова држава и која е во важните моменти на заокружување на државноста, изјавил Тачи.

Како што наведува, оние кои погрешно ги толкуваат неговите изјави велат дека тој зборува против Косово, но тоа не е точно.

Тој посочува дека косовските „интервенции“ на македонските избори имаат последици само кон Косово.

Според Тачи, влијанието од „мешањето на косовскиот премиер Албин Курти во македонските избори, поддржувајќи ја албанската опозиција“, односно коалицијата „Вреди“, како што вели, се потврди и со резултатите од првиот круг на изборите, на кои кандидатот на „Европски фронт“, Бујар Османи оствари разлика пред противкандидатот од албанскиот блок, Арбен Таравари.

-Победата е речиси два спрема еден, рекол Тачи.

Тачи додал дека како искусен политичар ја избира политичката рационалност наместо политичкиот романтизам.

-Можеби припаѓам на старата генерација политичари, но претпочитам политичка рационалност, мудрост во нашите постапки. Не храброст, застарен патриотизам, прекумерна романтизација и невидена преродба на некои поединци или групи, рекол Тачи.

ПретходнаПет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина
СледнаНад 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија