ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утре истекува рокот за поднесување на изборните листи до ДИК

Утре истекува рокот за поднесување на изборните листи до ДИК

17

Финишира процесот за промоција на кандидатските листи за пратеници од страна на учесниците на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Согласно роковникот за подготовка на изборите, на 2 април на полноќ истекува рокот за нивно поднесување до Државната изборна комисија.

Изминатиот викенд промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и Коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

ПретходнаКај малолетничка пронајдена марихуана, нејзините родители на разговор со полицијата
Следна„Ќе ви ја раскажам вистината за исчезнувањето на Данка“ – вујкото ги опиша фаталните минути во Бањско поле