ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Битолчанец (21) силувал 14-годишно девојче повеќе пати, се бара притвор

Битолчанец (21) силувал 14-годишно девојче повеќе пати, се бара притвор

487

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПретходнаНа денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта
СледнаСо 365 амандмани Левица го блокираше погубниот ДУП за зградите Силекс во Кавадарци