ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОМБА ВЕСТ: Близок човек на Таравари му го подметнал куршумот – ова...

БОМБА ВЕСТ: Близок човек на Таравари му го подметнал куршумот – ова се деталите

1127

Куршумот што утрово се појави во дворот во семејната куќа на гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најверојатно се поврзува со негов близок човек, пренесува Утрински весник.

Ова се првичните неофицијални сознанија што ги споделуваат извори блиски на истрагата.

Се уште не се знае дали човекот близок до Таравари преку ноќ му свртел грб или пак се работи за однапред договорено сценарио.

Откако синоќа луѓе на Таравари нападнаа високи функционери на Алијанса за Албанците, тензијата во партијата е се поголема, а денес одредени медиуми веќе пишуваа дека во сабота на Централното претседателство на Алијанса, претседателот на ова тело Зијадин Села би можел да иницира смена на првиот човек на партијата Таравари, а потоа да побара и смена на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити кои доаѓаат од оваа партија.

Извор: Утрински весник

Претходна(ВИДЕО) Вонредна ситуација вечерва во Македонија – Опасен пожар на голема територија, ова се деталите од лице место
СледнаМинистер од Македонија оди во Турција – причината е Љупчо Палевски, ќе биде ли вратен во нашите затвори?