ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од...

На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта

113

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.

За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.

Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.

Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски монопол каде свежо цвеќе ќе положи државна делегација.

Претходна33 лица се приведени поради сомнение за подготвување напад во пресрет на изборите во Турција
СледнаБитолчанец (21) силувал 14-годишно девојче повеќе пати, се бара притвор