ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Шок во Мадрид: На Анчелоти му се заканува затворска казна од –...

Шок во Мадрид: На Анчелоти му се заканува затворска казна од – пет години!

33

Денешниот ден во таборот на Реал Мадрид почна со шокантна вест, а тоа е дека тренерот Карло Анчелоти е во сериозни проблеми и дека се соочува со долга затворска казна.

Шпанското обвинителство побарало тој да биде осуден на затвор во траење од четири години и девет месеци поради даночно затајување во 2014 и 2015 година, односно за време во неговиот прв мандат на клупата на „кралевите“, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите од Пиринеите, Анчелоти го избегнал правилното оданочување на своите маркетиншки права во овој период и тоа со сложен и збунувачки систем.

Италијанецот, наводно, „симулирал“ отстапување на своите права на други фирми за да ги сокрие вистинските приходи, а со тоа и да плати помалку пари на државата. Ова е првична вест за овој скандал, за кој се очекуваат дополнителни информации во текот на денот.

ПретходнаДСЗИ ќе забрани прием на невакцинирани деца во градинки тогаш кога препораката на Комисијата за заразни болести ќе биде прифатена
СледнаПочина бодибилдерот Мирко Петровски