ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДСЗИ ќе забрани прием на невакцинирани деца во градинки тогаш кога препораката...

ДСЗИ ќе забрани прием на невакцинирани деца во градинки тогаш кога препораката на Комисијата за заразни болести ќе биде прифатена

89

Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, на денешната прес-конференција истакна дека и покрај најголемото достигнување во медицината – вакцинацијата, се соочуваме со голем јавноздравствен проблем во 21 век и ги актуализираме заразните болести.

„Вчера, се одржа состанокот на Комисијата за заразни болести, на кој се даде препорака ДСЗИ да врши вонредни инспекциски надзори во предучилишните установи сè со цел да забрани прием на деца што не се вакцинирани со дитепер, да го зголемиме опсегот на вакцинацијата со оваа вакцина по прогласената епидемија на пертусис на територијата на Скопје“, рече Младеновска.

Како што објасни таа, од почетокот на епидемијата контрола на вакциналниот статус на децата врши Министерството за труд и социјална политика и при упис на детето се проверува статусот на дететот.

„ДСЗИ нема надлежност да проверува вакцинален статус на децата при редовните надзори. Надлежноста е да ги санкционира родителите што не ги однеле своите деца на редовна вакцинација. Ги повикуваме и казнуваме родителите, глобите се движат од 300 до 650 евра во денарска противвредност. ДСЗИ ќе врши вонредни инспекциски надзори и ќе забрани прием на деца што не се вакцинирани со дитепер-вакцина тогаш кога препораката на Комисијата за заразни болести ќе биде прифатена и ќе се донесе одлука на ДСЗИ му се наложи да ги врши овие вонредни инспекциски надзори во предучилишните установи“, изјави Младеновска.

Како што соопшти директорката на ДСЗИ, за март се предвидени редовни инспекциски контроли во сите вакцинални пунктови, ќе се проверува опрема, простор, дали имаат антишок-терапија, дали водат уредно евиденција и документација за секое дете.

По еден месец од прогласената епидемија, од ДСЗИ велат дека редовно од вакциналните пунктови се испраќани податоците на децата и родителите и имаат казнето многу.

„Некои од што не сакаат да ја платат казната и завршуваат на суд“, одговори Младеновска.

Таа додаде дека МТСП и понатаму ќе врши теренска активност, а од Државниот санитарен и здравствен инспекторат го чекаат налогот од министерот за здравство, кој треба да даде одговор дали ги прифаќа препораките на Комисијата, ДСЗИ да врши инспекциски надзори.

„Исто како во 2019 година кога имавме епидемија на морбили. Во согласност со насоките што ги дава Комисијата за заразни болести, министерот за здравство донесува одлука ДСЗИ да врши вонредни инспекциски надзори и издава решенија за забрана на прием на деца во градиките за оние што не се вакцинирани со дитепер-вакцината“, додаде Младеновска.

ПретходнаНавивачите на Лацио бесни на капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија (ВИДЕО)
СледнаШок во Мадрид: На Анчелоти му се заканува затворска казна од – пет години!