ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) „Kај си бе Миле“: Додик и Eрдоган случајно се сретнаа на...

(ВИДЕО) „Kај си бе Миле“: Додик и Eрдоган случајно се сретнаа на аеродром

299

Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган остана без зборови кога случајно налета на лидерот на Република Српска Милорад Додик на аеродромот во Анталија.

Се испостави дека Додик слетал само неколку моменти пред Ердоган и дека се начекаа еден со друг додека турскиот претседател се симнуваше по скалите. Ердоган не можеше да го сокрие изненадувањето кога покрај службениците и децата кои го пречекаа со цвеќе забележа насмеан Додик.

– Во Анталија пристигнав во исто време со претседателот Ердоган. Срдечно разговаравме неколку минути – напиша Додик на својот профил на социјалната мрежа Х

Ердоган и Додик дојдоа во Анталија на Економскиот форум, кој се одржува под покровителство на претседателот на Турција

ПретходнаБитолчанец предизвикал пожар во казино
СледнаСледуваат нови мерки против голема кашлица