ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Бабунски: Жал ми е што не потпишав со Партизан

Бабунски: Жал ми е што не потпишав со Партизан

87

Бобан Бабунски, во опширно интервју белградскиот весник „Спортски журнал“, проговори и за нерализираниот трансфер во Партизан и за пропуштеното младинско Светско првенство во Чиле, на кое Југославија во 1987 годна ја освои титулата.

Бабунски седум години од 1986 до 1993 година го носеше дресот на Вардар. Имал шанса да замине порано, но му пропаднал трансферот во Партизан.

„Се беше договорено со Партизан, а имав преговори и со Динамо Загреб. Пеш би одел во Белград за да го облечам црно-белиот дрес, но во тој момент челниците на клубот од „Хумска“ не го испочитуваа договорот, па бев принуден да ја сменам одлуката. Сигурен сум дека тоа влијаеше на мојата понатамошна кариера. Да го имав овој ум, веројатно би го прифатил тој преддоговор со Партизан и би дошол да развијам побогата кариера.“

Жали и што во 1987 година не беше дел од златната генерација на Југославија која во младинска конкуренција стана светски првак и покрај тоа што беше стандарден член на тој тим. Дел од таа генерација беа Просинечки, Бобан, Штимац, Шукер…

„Бев подготвен да одам, имав виза и го чекав мојот лет. Сепак, Вардар го блокираше моето заминување. Тоа беше одлука на тогашниот тренер. Од оваа временска дистанца можам да кажам дека научив одредена лекција од тоа. Се прашувам што би сменил денеска да не се случи тоа. Веројатно би инсистирал кај челниците на Вардар и тренерот, да ги убедам дека е голема работа и за клубот и за мене да патувам во Чиле. Сите изгубивме. Да одев ќе бев единствениот претставник на македонскиот фудбал на такво големо натпреварување. Вардар не ме пушти поради одредени интереси, поради меѓународен клупски натпревар. Од оваа перспектива го гледам како лекција и за клубот и за мене. Сепак, изградив одлична кариера.“

ПретходнаДржавата не знае колку деца не ѝ се вакцинирани против голема кашлица
СледнаПутин: Западот нѐ води кон нуклеарен конфликт, а тоа значи уништување на цивилизацијата