ПОЧЕТНА СВЕТ Путин: Западот нѐ води кон нуклеарен конфликт, а тоа значи уништување на...

Путин: Западот нѐ води кон нуклеарен конфликт, а тоа значи уништување на цивилизацијата

225

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече бесмислици тврдењата дека Русија ќе ја нападне Европа.

Западот предизвика конфликти во многу земји во светот и и покрај тоа тврди дека Русија е спремна да ја нападне Европа, рече Путин во своето обраќање пред Федералното собрание.

„Западот го предизвика конфликтот во Украина, на Блискиот Исток и во други региони во светот и продолжува да лаже. Сега, без никаков срам, изјавуваат дека Русија наводно има намера да ја нападне Европа. Сфаќаме дека тие само зборуваат глупости“, рече Путин.

Во исто време, додаде тој, странските земји сами ги избираат целите што треба да се уништат, зборуваат за испраќање сили во Украина, а последиците за нив ќе бидат трагични.

„Сè што ќе смисли Западот реално нѐ води кон опасност од конфликт со употреба на нуклеарно оружје, а тоа значи уништување на цивилизацијата“, предупреди рускиот претседател.

Западните земји „мора да разберат дека и ние имаме оружје способно да погоди цели на вашата територија“, предупреди Путин. Тој прецизираше дека стратегиските нуклеарни сили се во состојба на целосна борбена готовност за гарантирана употреба.

Хиперсоничниот ракетен систем на море „циркон“ веќе се користи во борба, овој систем е во употреба, додаде тој и рече дека најновите руски оружени системи потврдиле високи, уникатни карактеристики.

„Русија не ја почна војната во Донбас, но ќе направи сѐ за да ја прекине“

Русија не ја започна војната во Донбас, но ќе направи сѐ за да ја заврши, да го искорени нацизмот и да ги реши проблемите на специјалната операција, повтори Путин.

Во својот говор, рускиот претседател го поздрави напредувањето на неговите сили во Украина, кои во последните недели постигнаа неколку успеси против украинските сили во дефанзива и со недостиг од муниција.

„Воените капацитети на (руските) вооружени сили се зголемија многукратно. Тие самоуверено напредуваат во неколку правци“ на фронтот, додаде Путин.

Секое обраќање до Федералното собрание е поглед во иднината, рече Путин, додавајќи дека тоа е можност да се зборува за стратегиските планови и сите мерки неопходни за понатамошен развој на земјата.

ПретходнаБабунски: Жал ми е што не потпишав со Партизан
СледнаУште една хорор вест ја потресе Македонија: Малолетник од Скопје е осомничен за обид за убиство – еве што направил