ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР (ВИДЕО) Тензија на АО – Ѓоковиќ нервозен му порача на гледачот: Слези...

(ВИДЕО) Тензија на АО – Ѓоковиќ нервозен му порача на гледачот: Слези и кажи ми го во лице

58

Новак Ѓоковиќ беше сериозно тестиран и во второто коло на Аустралијан Опен, па иако не одигра на највисоко можно ниво, светскиот рекет број еден направи доволно за да оствари победа.

Србинот повторно загуби сет и на моменти правеше некарактеристични грешки за себе, но кога беше најпотребно, повторно заигра шампионски, особено во третиот сет кој беше одлучувачки.

Алексеи Попирин одигра извонреден меч за свои стандарди и има за што да жали, пред се поради тоа што не реализираше четири сет топки за предност од 2:1 во сетови. На крајот славеше Србинот со 3:1 во сетови.

Во четвртиот сет, кога резултатот беше 2:2, дојде до расправии со некој од публиката.

Не беше јасно што точно се случило, но Новак му пријде на некого од трибините. Тој отиде речиси до крајот на теренот каде што почнуваат трибините и повика некого од публиката да се симне кај него.

„Слези и кажи ми го в лице, му рече Новак на навивачот“, а тоа го сними и камерата за време на преносот.