ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Хорор сцени: Рачна бомба експлодираше во Северна Митровица – повеќемина повредени

(ВИДЕО) Хорор сцени: Рачна бомба експлодираше во Северна Митровица – повеќемина повредени

101

Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек, изјави заменик-командант на косовската полиција за северот.

Рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата Кнез Милош во Северна Митровица во Косово, пренесува Косово Онлајн. Индидентот се случил во непосредна близина на мотелот „Бишевац“. Ветон Елшани, заменик-командант на косовската полиција за северот потврди дека две лица се повредени, а неколку автомобили оштетени.

„Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Елшани.