ПОЧЕТНА СВЕТ Ужас во Хрватска: Повторно се запали автобус полн со деца

Ужас во Хрватска: Повторно се запали автобус полн со деца

643

Автобус полн со училишни деца се запали денеска на пат од Сињ кон Загреб, во градот Бајагиќ, нема повредени, бидејќи децата навреме го напуштиле возилото, соопшти полицијата.

Ова е втор ден по ред како избувнува пожар во автобус со деца. Вчера тоа се случи на паркингот кај Крапина.

Сепак, денешниот случај стигна до парламентот благодарение на пратеникот на Мост Мир Буљ, бидејќи ги повикал надлежните.

„За среќа, избегната е поголема трагедија, автобусот превезувал деца.“, вели Буљ.

Случајот го коментираше заменик градоначалникот на Сињ, велејќи дека автобусите се премногу стари, стари 20, 30 години.

„Оној што им ги дава линиите, треба да воведе автобусите да не се постари од пет или седум години. Тоа би било оптимално“, рече Бобета.

Тој додаде дека возачот бил трезен и го запрел автобусот за децата да излезат, а кога почнал да го гаси пожарот, сопирачките стивнале, веројатно затоа што нешто изгорело, рече Бобета.