ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Податок кој ќе ве изненади: Знаете ли кога ќе исчезнат дивите депонии?...

Податок кој ќе ве изненади: Знаете ли кога ќе исчезнат дивите депонии? Ова е одговорот!

67

Дивите депонии и натаму се голем проблем за македонската метропола Скопје. Повремените акции за нивното чистење, очигледно, не помагаат бидејќи по кревањето на насобраниот отпад несовесните граѓани на истите локации пак го фрлаат ѓубрето. Ова го потврдува и денеска објавениот извештат на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“.

-Во текот на минатата година, претпријатието отстрани вкупно 10.617 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на целокупната територија на градот Скопје, соопштија утрово од ова претпријатие.

Инаку, во извештајот се наведува дека екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје, во текот на 2023 година, подигнаа и транспортираа вкупно 159.196 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот.

– Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од ова подрачје, собирањето и транспортот на комуналниот отпад од речиси 5.000 надземни, подземни и полуподземни контејнери се реализираше седумпати во неделата, во три смени, додека приближно 85.000 канти, наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства, се празнеа двапати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови, наведуваат од претпријатието.

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

Претходна(ВИДЕО) Хорор сцени: Рачна бомба експлодираше во Северна Митровица – повеќемина повредени
СледнаЛОША вест пред неколку моменти: Се судрија два патнички авиони